СЕТУГС
МИХАЈЛО
ПУПИН

МИХАЈЛО ПУПИН

Твоето патување во светот на технологијата започнува тука.

×
ТЕМНА ТЕМА
ИЗБЕРИ ЈАЗИК

Најнови новости

AERISLUX
МАРТ 14, 2026

ЏУНИОР АЧИВМЕНТ ФИНАЛИСТИ

ДАРИО ДЕСНИЌ
АПРИЛ 4, 2026

ГОСТИН ДАРИО ДЕСНИЌ

ГОРАСТ ЦВЕТКОВСКИ
МАРТ 28, 2026

ГОСТИН ГОРАСТ ЦВЕТКОВСКИ

Види ги сите новости →
JA MARTIN
МАРТ 14, 2026

ЏУНИОР АЧИВМЕНТ ФИНАЛИСТИ

Учениците: Мартин Дамкоски, Леонид Симоновски, Ива Јангеловска, Немања Рајковиќ и Василиса Курзакова, под менторство на професорката Тамара Боровска ќе го претставуваат нашето училиште на државниот натпревар ,,ЏУНИОР АЧИВМЕНТ,,

ДАРИО ДЕСНИЌ
АПРИЛ 4, 2026

ГОСТИН ДАРИО ДЕСНИЌ

Нов гостин, нова епизода ➡️ https://youtu.be/2bJNyEn9Elw?si=dI_CI0AZnkBS7LhZ

ГОРАСТ ЦВЕТКОВСКИ
МАРТ 28, 2026

ГОСТИН ГОРАСТ ЦВЕТКОВСКИ

Нашиот почеток и прв гостин на овој поткаст Гораст Цветковски ➡️ https://youtu.be/G0u0f_9p9jE?si=wOKT-A1SnGjWzJ2w

AerisLux

AERISLUX

Иновативни еколошки решенија за чист воздух во секоја средина

Ние сме ученичка компанија од СЕТУГС,,Михајло Пупин,, посветена за почист воздух и почиста средина. Истражете го нашиот продукт и дознајте како можеме да ја оствариме вашата визија.



БИОГРАФИЈА НА МИХАЈЛО ПУПИН


Михајло Идворски Пупин бил светски познат научник, пронаоѓач и еден од основачите на НАСА. Неговиот пат од родното село Идвор до врвните универзитети во Америка е инспирација за секој млад техничар и инженер.

Неговите патенти во телекомуникациите и рентген-зраците го променија светот засекогаш, оставајќи наследство кое ние, како училиште што го носи неговото име, гордо го чуваме и продолжуваме.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА НЕГО
Портрет на Михајло Пупин

НАШИ ПАРТНЕРИ И СОРАБОТКИ

Partner 1 Partner 2 Partner 3 Partner 4 Partner 5 Partner 6 Partner 7 Partner 8 Partner 1 Partner 2 Partner 3 Partner 4 Partner 5 Partner 6 Partner 7 Partner 8

Образовни профили

Изберете ниво на образование за да ги видите достапните образовни профили.

Компјутерска техника
4 Години

Компјутерска техника и автоматика

Овој профил ги подготвува учениците за работа со хардвер, софтвер, програмирање на микроконтролери и одржување на компјутерски системи и мрежи. Идеален избор за идни ИТ инженери.

Електроника
4 Години

Електроника и телекомуникации

Изучување на електронски компоненти, печатени плочки, телекомуникациски мрежи и системи за пренос на податоци.

Енергетика
4 Години

Електротехничар - Енергетичар

Дуално образование кое нуди учење преку работа во реални компании за производство и дистрибуција на електрична енергија.

Мултимедиски технологии
НОВА СТРУКА

Техничар за мултимедиски технологии

Најновиот профил во нашето училиште! Ги подготвува учениците за креирање дигитални содржини, аудио и видео продукција, графички дизајн, анимација и веб дизајн. Совршен избор за креативци кои сакаат да ја спојат уметноста со најновата технологија.

Електромеханичар
3 Години

Електромеханичар

Стручно оспособување за поправка и одржување на електрични машини, апарати за домаќинство и индустриска опрема со многу практична настава.

Монтер
3 Години

Електроинсталатер и монтер

Профил фокусиран на поставување, одржување и поправка на електрични инсталации во станбени и индустриски објекти.

Вонредни ученици
Дооформување

Вонредни ученици

СЕТУГС „Михајло Пупин“ нуди одлична можност за вонредно образование, дооформување на веќе започнатото образование, како и преквалификација на кандидати во барани струки.

Процесот е целосно прилагоден за лица кои се веќе во работен однос, со флексибилни термини за консултации и полагање на испитите.

Наставен кадар

Наставен Кадар

Професионален и посветен тим од стручни лица.

Дознај повеќе
Современи училници

Современи Училници

Лаборатории опремени со најнова технологија.

Дознај повеќе
Соработка

Соработка

Партнерства со водечки ИТ компании.

Дознај повеќе
Настани

Настани

Бидете во тек со сите натпревари и активности.

Дознај повеќе
0 Активни ученици
0 Стручен кадар
0 Години традиција

Зошто да го изберам „Михајло Пупин“?

СЕТУГС „Михајло Пупин“ не е само образовна институција – тоа е центар каде теоријата се претвора во пракса, а идеите стануваат реалност. Ние создаваме генерации на иноватори, инженери и техничари кои се подготвени за предизвиците на модерното време, нудејќи образование директно поврзано со потребите на ИТ и електро-индустријата.

Современи технологии

Учење во модерно опремени лаборатории со најнова опрема за електроника, роботика и компјутерски мрежи.

Дуално образование

Директна соработка со водечките компании преку практична настава која нуди реално работно искуство уште во средно.

Сигурно вработување

Нашите профили се најбарани на пазарот на трудот. Дипломата од нашето училиште е гаранција за успешна кариера.

Еразмус+ проекти

Можности за патување, размена на искуства и пракса во европски земји преку бројни меѓународни проекти.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ТРАНСПОРТ

ГРАДСКИ ЛИНИИ

  • 23П
  • 45П
  • 50, 50А
  • 65Б, 65В

ПРИГРАДСКИ ЛИНИИ

  • 51
  • 52, 52П
  • 53
  • 55П
  • 58, 58А
  • 61, 61П
  • 62
  • 63, 63А, 63П
  • 65, 65А
  • 66, 66А
  • 68
Автобус ЈСП

Автобусите кои возат до нашето училиште

Ученици на пракса во Михајло Пупин
01 / 02

Нашиот Идентитет

Мото

Ученикот е центар на сите наши заложби.

Слоган

Нашата цел не е со помнење да складираме, туку со мислење да креираме.

02 / 02

Патот кон Иднината

Мисија

Ние сме средина секогаш отворена за креирање и создавање. Користејќи современа образовна технологија вршиме оспособување на кадри способни да одговорат на современите професионални предизвици.

Визија

Да станеме моќно електротехничко училиште во Република Македонија, познато и признато во регионот и во Европа со високо квалитетен воспитно-образовен процес.

БРЗИ ЛИНКОВИ
Е-Дневник Уписи 26/27 Контакт