МП
НАСТАВА ВО СЕТУГС МИХАЈЛО ПУПИН_

НАСТАВАТА КАЈ НАС

Електронски приказ за наставата во нашето училиште

×

Училиштето располага со
најмодерни кабинети

Во СЕТУ „Михајло Пупин“ воспитно-образовната работа се реализира во 6 кабинети (кабинет за интерактивна настава, кабинет за настава на далечина со можност за видео-конференциска врска, кабинет по физика, кабинет по информатика, кабинет по техничко комуницирање, кабинет по енергетски постројки), вкупно 17 училници од кои 5 се училници со компјутерска опрема, потоа 6 лаборатории (лабораторија за автоматика и роботика, лабораторија за електротехника, лабораторија за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, лабораторија за електрични инсталации и електрично осветлување, две лаборатории за електроника и телекомуникации, две лаборатории за мултимедија), 10 работилници за практична настава, 1 читална, 1 библиотека, 1 просторија за кариерен центар, 1 просторија за прием на родители, наставничка канцеларија, две фискултурни сали, Работилница на Реалната компанија и други простории во функција на наставата во форма на училници или помошни простории.

Лаборатории

Читална + библиотека

Опремена со најнови клупи и столици,озвучни системи и капацитет над 200+ ученици

Информатика

Кабинети по информатика

Современ кабинет со 19 компјутери, сопствен сервер и брза интернет конекција.

Сала

Поглед кон мала сала

Малата сала и големата сала се гледаат од овој поглед

Библиотека

Фудбалски терен

Простор од 150m² поволен за учениците што обожаваат фудбал.

Воннаставни

Воннаставни активности

Простор наменет за работи поврзани со нашите образовни профили и културно-уметнички таленти.

Лаборатории

Читална + библиотека

Опремена со најнови клупи и столици,озвучни системи и капацитет над 200+ ученици

Информатика

Кабинети по информатика

Современ кабинет со 19 компјутери, сопствен сервер и брза интернет конекција.

Сала

Поглед кон мала сала

Малата сала и големата сала се гледаат од овој поглед

Библиотека

Фудбалски терен

Простор од 150m² поволен за учениците што обожаваат фудбал.

Воннаставни

Воннаставни активности

Простор наменет за работи поврзани со нашите образовни профили и културно-уметнички таленти.

Лаборатории

Читална + библиотека

Опремена со најнови клупи и столици,озвучни системи и капацитет над 200+ ученици

Информатика

Кабинети по информатика

Современ кабинет со 19 компјутери, сопствен сервер и брза интернет конекција.

Сала

Поглед кон мала сала

Малата сала и големата сала се гледаат од овој поглед

Библиотека

Фудбалски терен

Простор од 150m² поволен за учениците што обожаваат фудбал.

Воннаставни

Воннаставни активности

Простор наменет за работи поврзани со нашите образовни профили и културно-уметнички таленти.

Лаборатории

Читална + библиотека

Опремена со најнови клупи и столици,озвучни системи и капацитет над 200+ ученици

Информатика

Кабинети по информатика

Современ кабинет со 19 компјутери, сопствен сервер и брза интернет конекција.

Сала

Поглед кон мала сала

Малата сала и големата сала се гледаат од овој поглед

Библиотека

Фудбалски терен

Простор од 150m² поволен за учениците што обожаваат фудбал.

Воннаставни

Воннаставни активности

Простор наменет за работи поврзани со нашите образовни профили и културно-уметнички таленти.

Вонредни ученици

Информации за упис, полагање испити и издавање дипломи

III Степен ученици

III-ти СТЕПЕН

Струка: електротехничка (програмите се исти како и редовните ученици)

Образовни профили:

  • електроинсталатер и монтер
  • електромеханичар
IV Степен VR

IV-ти СТЕПЕН

Струка: електротехничка (програмите се исти како и редовните ученици)

Образовни профили:

  • компјутерска техника и автоматика
  • електроника и телекомуникации
  • енергетика

Пријавување во вонредни ученици

За пријавување во вонредни ученици кандидатот најпрво треба да пополни барање за упис во I, II, III или IV година:

Покрај барањето кандидатот е потребно да ги донесе и следниве документи:

  • Свидетелства за I, II, и III година (во зависност која година се упишува)
  • Извод од матична книга на родените

Уплата на име на училиштето:

Цена: 5000 ден. (еднократна уплата)

Цел на дознака: Упис во (I, II, III или IV) година.

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Пример уплатница за упис

Административна такса:

Треба да се уплати административна такса од 50 денари.

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Пример уплатница такса

Пријавување на испити за полагање

Откако кандидатот ќе се запише во четврта година може да се пријави за полагање на испити. Во текот на една учебна година предвидени се шест испитни сесии (октомври, декември, февруари, април, јуни и август).

Кандидатот треба да ги донесе сите потребни документи до крај на претходниот месец кога има испитна сесија. Испитите се реализираат од 20 до 30-ти во месецот. Термините и комисиите се истакнуваат на Огласната Табла.

Напомена: Кандидатот може да пријави највеќе три испити во една испитна сесија.

Потребни документи:

Уплата на име на училиштето:

Цена: Варијабилна (Зависи од бројот на предмети. Цената за еден предмет чини 800 ден. Пример: три предмети = 2400 ден.)

Цел на дознака: Пријавување на испити за вонредни

Уплатница за испит

Административна такса (50 ден):

Уплатница такса испит

Матура и издавање диплома

Полагање на државна матура / завршен испит

По завршувањето на испитите од четврта година, кандидатот ќе може да полага завршен испит или државна матура.


Издавање на диплома/свидетелство

  1. Поднесете барање за издавање на диплома кај секретарот на училиштето.
  2. Уплатете на жиро сметка на училиштето.

Цена за свидетелство: 500 ден.

Цена за диплома: 500 ден.

Цел на дознака: Издавање на свидетелство/диплома

Уплатница диплома

Тригодишно Образование

ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧАР

Струката е со тригодишно образование и содржи 9 стручни предмети од електротехниката и енергетиката. Во неа има 600 часа практична настава во солидно опремени кабинети со сите неопходни инструменти и нагледни средства. Во програмата се опфатени:

  • Електрични машини со електромоторни погони
  • Сервисирање на електрични апарати, клима уреди, трансформатори, кујнски апарати
  • Автоматика
  • Електрични инсталации
  • Практична настава
Електромеханичар на работа

Можности за вработување: Механичар за поправка на електрични апарати, во сопствен бизнис или во фирми од таа дејност.

Листа на предмети од образовен профил Електричар-електромонтер на електроенергетски мрежи
Електромонтер на бандера

Можности за вработување: Изведувач на електрични инсталации и монтер на електрични постројки, во сопствен бизнис или во фирми од таа дејност (електродистрибуција, производни фирми, градежни фирми...)

ЕЛЕКТРИЧАР - ЕЛЕКТРОМОНТЕР ЗА ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ МРЕЖИ
(ДУАЛНО ОБРАЗОВАНИЕ)

Струката е со тригодишно образование и содржи 9 стручни предмети од електротехника и енергетика. Во неа има 600 часа практична настава во солидно опремени кабинети со сите неопходни инструменти и нагледни средства. Во програмата се опфатени:

  • Одлично опремени кабинети со инструменти и нагледни средства
  • Електрични мрежи и водови
  • Изведба на електрични инсталации и осветление на производствени, административни, спортски, станбени и други објекти
  • Монтажа на електронски уреди и постројки
  • Практична настава

Вертикална Проодност

По завршувањето на тригодишното образование, учениците може да продолжат во четиригодишно образование, но претходно мора да запишат и завршат вертикална проодност (премин).

Пријавување за вертикална проодност (премин)

Ученикот при пријавување за вертикална проодност (премин) треба да ги пополни и донесе следниве документи:

  • Барање за упис на вертикална проодност (премин)
  • Свидетелства за I, II и III
  • Диплома за завршен III степен
  • Извод од матична книга на родените

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: 2500 ден.

Цел на дознака: Пријавување на вертикална проодност (премин).

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Уплатница 2500ден

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Уплатница 50ден

Спроведување на вертикална проодност (премин)

Кандидатот кој се има пријавено за вертикална проодност (премин) треба да положи два стручни и три општообразовни предмети.

Општообразовни предмети

Aко кандидатот изучувал друг странски јазик испитот се полага во друго училиште каде што се предава тој странски јазик.

Стручни предмети

Доколку ученикот завршил тригодишно образование (Електричар- Електромонтер за електроенергетски мрежи) треба да ги полага следниве два стручни предмети:

Доколку ученикот завршил тригодишно образование (Електромеханичар) треба да ги полага следниве два стручни предмети:

Доколку ученикот завршил тригодишно образование (Електроинсталатер и монтер) треба да ги полага следниве два стручни предмети:

Пријавување на испити за полагање

Во текот на една учебна година предвидени се шест испитни сесии (октомври, декември, февруари, април, јуни и август). Кандидатот треба да ги донесе во училиштето сите потребни документи наведени подолу од 1 до 10-ти во месецот кога има испитна сесија. Испитите се реализираат од 20 до 30-ти во месецот кога има сесија. Термините и комисиите за полагање на испитите ќе бидат истакнати на Огласната Табла во училиштето и на Огласната Табла на веб страната на училиштето.

Потребни документи за полагање на испити:

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: Варијабилна (Зависи од бројот и типот на предмети што ќе ги пријави кандидатот. Ценовникот на предметите е: Македонски јазик и литература - 300ден., Англиски јазик - 300 ден., Математика - 300 ден., Автоматика - 1000 ден., Електрични апарати и уреди -1000 ден., Електроника - 1000 ден., Електрично осветление - 1000 ден., Електрични машини и погони - 1000 ден. ) На пример: Доколку кандидатот пријави два стручни и еден општообразовен предмет тогаш цената ќе биде 2300 ден.

Цел на дознака: Пријавување на испити за вертикална проодност (премин).

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Уплатница испити

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатницата треба да ја пополните како на сликата подолу:

Уплатница такса испити

Пријавување во четврта година

Откако кандидатот ќе ги положи сите испити предвидени со вертикалната проодност (премин), истиот ќе може да се запише во четврта година. За таа цел ќе му бидат потребни следниве документи:

  • Барање за упис во четврта година
  • Свидетелства за I, II и III година
  • Диплома за завршен III степен
  • Потврда за положени доплнителни испити – премин
  • Извод од матична книга на родените

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: 5000 ден. (еднократна уплата)

Цел на дознака: Упис во четврта година.

Уплатница упис 4та година

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатница такса 4та година

Пријавување на испити за полагање (IV година)

Откако кандидатот ќе се запише во четврта година може да се пријави за полагање на испити. Во текот на една учебна година предвидени се шест испитни сесии. Кандидатот треба да ги донесе во училиштето сите потребни документи од 1 до 10-ти во месецот. Испитите се реализираат од 20 до 30-ти. Идентитетот на кандидатот го утврдува испитната комисија преку Лична карта.

Напомена: Кандидатот може да пријави највеќе три испити во една испитна сесија.

Потребни документи за полагање на испити:

  • Барање за полагање на испити
  • Записник за пријавување на испити

Цена: Варијабилна (Цената на полагање на еден предмет чини 800ден. На пример: 3 предмети = 2400 ден.)

Цел на дознака: Пријавување на испити за вонредни

Уплатница испити 4та

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатница такса 4та

Полагање на државна матура/ завршен испит

По завршувањето на испитите од четврта година, кандидатот ќе може да полага завршен испит или државна матура.


Издавање на диплома/ свидетелство

Кандидатот треба да ги следи следните чекори:

  1. Поднесете барање за издавање на диплома кај секретарот на училиштето
  2. Уплатете уплатница на жиро сметка на училиштето

Цена за свидетелство: 500 ден.

Цена за диплома: 500 ден.

Цел на дознака: Издавање на свидетелство/ диплома

Уплатница Диплома

Четиригодишно Образование

Истражи ги најбараните електротехнички профили во државава!

Компјутерска Техника и Автоматика

Овој образовен профил содржи 23 стручни предмети со околу 400 часа практична настава и над 500 часа работа со компјутери. Наставата се одвива во 5 компјутерски училници. Во програмата се опфатени:

  • Веб страни (HTML/CSS/JS/PHP)
  • Роботика
  • Бази на податоци
  • Системи и мрежи
  • Објектно ориентирано програмирање
  • 3Д моделирање и Мултимедија

Можности за вработување:

Програмирање, веб дизајн, одржување на компјутерски системи и автоматски системи во индустријата.

Целосна листа на предмети

Електроника и Телекомуникации

Овој образовен профил содржи 18 стручни предмети. Наставата се одвива во модерно опремени кабинети со компјутери, осцилоскопи и други електронски инструменти. Во програмата се опфатени:

  • Дигитална електроника
  • Телекомуникациски системи
  • Автомобилска електроника
  • Аудио и видео техника
  • Автоматско управување
  • Мерно-испитни техники

Можности за вработување:

Произодство на електронски склопови, сервисирање уреди, техничар во РТВ станици или телефонски компании.

Целосна листа на предмети

Електротехничар - Енергетичар

Овој образовен профил содржи 21 стручен предмет со над 240 часа практична настава во солидно опремени кабинети со современи инструменти и нагледни средства. Во програмата се опфатени:

  • Инсталации и осветлување
  • Производство и пренос на енергија
  • Обновливи извори на енергија
  • Електрични возила
  • Индустриска енергетика
  • ИТ технологии во енергетика

Можности за вработување:

Инсталација и одржување, техничар во електростопанство, проектирање на инсталации и апарати.

Целосна листа на предмети

ПЕТТИ (V-ти) СТЕПЕН

Струка: Електротехничка

ЕЛЕКТРОНИЧАР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ НА АУДИО И ВИДЕО ТЕХНИКА
ЕЛЕКТРОНИЧАР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ НА МЕДИЦИНСКИ ЕЛЕКТРОНСКИ АПАРАТИ
ЕЛЕКТРОНИЧАР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ НА МЕРНИ И УПРАВУВАЧКИ УРЕДИ
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТИЧАР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ПОСТРОЈКИ
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТИЧАР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТИЧАР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ МРЕЖИ
ЕЛЕКТРОМЕХАНИЧАР – СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ МЕРНИ ИНСТРУМЕНТИ И УРЕДИ
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електротехника и електроника
  • Електронски мерења
  • Електроакустика и аудиотехника
  • Видеотехника
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електротехника и електроника
  • Електронски медицински уреди
  • Дијагностички и тераписки машини
  • Мерење во медицината
  • Сметачки системи во медицината
  • Специјалистичка практика
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електротехника и електроника
  • Електронски инструменти и мерења
  • Управувачки и регулациони уреди
  • Дигитални мерни инструменти и уреди
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електроника во електроенергетиката
  • Електротехника и мерења
  • Разводни постројки
  • Заштита во електрични постројки
  • Погон и одржување на електрични постројки
  • Електрични машини
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електроника во електроенергетиката
  • Електротехника и мерења
  • Електрични машини со електромоторен погон
  • Автоматско управување на електромоторен погон
  • Погон и одржување на електромоторен погон
  • Електрични инсталации и осветление
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електроника во електроенергетиката
  • Електротехника и мерења
  • Електрични мрежи
  • Заштита на електрични мрежи
  • Погон и одржување на електрични мрежи
  • Електротехнички материјали
  • Специјалистичка практика
  • Педагошко водење и инструирање
  • Организација на производство
  • Психологија на трудот
  • Електроника во електроенергетиката
  • Електротехника и мерења
  • Мерни инструменти и уреди
  • Одржување на електрични мерни инструменти и уреди
  • Специјалистичка практика

Пријавување во петти степен

Кандидатите кои завршиле тригодишно образование во образовен профил Електромеханичар може да запишат Петти степен во образовниот профил Електромеханичар - Специјалист за електрични мерни инструменти и уреди.

Кандидатите кои завршиле четиригодишно образование во образовен профил Електроника и телекомуникации може да запишат Петти степен во образовните профили: Електроничар - специјалист за сервисирање на аудио и видео техника, Електроничар - специјалист за сервисирање на медицински електронски апарати и Електроничар - специјалист за сервисирање на мерни и управувачки уреди.

Кандидатите кои завршиле четиригодишно образование во образовен профил Енергетичар може да запишат Петти степен во образовните профили: Електроенергетичар - специјалист за електрични постројки, Електроенергетичар - специјалист за одржување, Електроенергетичар - специјалист за електрични мрежи.

Ученикот при пријавување на петти степен треба да ги пополни и донесе следниве документи:

  • Барање за упис на петти степен
  • Свидетелства за I, II, III и IV година
  • Диплома за завршен III степен или IV степен
  • Потврда за работно искуство од 5 години (исклучиво работа во доменот на електротехн. струка)
  • Извод од матична книга на родените

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: 7000 ден.

Цел на дознака: Упис во петти степен

Уплатница 7000ден

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатница 50ден

Пријавување на испити за полагање

Во текот на една учебна година предвидени се шест испитни сесии (октомври, декември, февруари, април, јуни и август). Кандидатот треба да ги донесе во училиштето сите потребни документи наведени подолу од 1 до 10-ти во месецот кога има испитна сесија. Испитите се реализираат од 20 до 30-ти во месецот кога има сесија. Термините и комисиите за полагање на испитите ќе бидат истакнати на Огласната Табла во училиштето и на Огласната Табла на веб страната на училиштето.

Напомена: Кандидатот може да пријави највеќе три испити во една испитна сесија.

Потребни документи за полагање на испити:

Треба да уплати уплатница на име на училиштето:

Цена: Варијабилна (Зависи од бројот на предмети што ќе ги пријави кандидатот. Цената на полагање на еден предмет чини 800ден. На пример: Доколку кандидатот пријави три предмети тогаш цената ќе биде 2400 ден.)

Цел на дознака: Пријавување на испити за петти степен

Уплатница испити петти степен

Треба да уплати административна такса од 50 денари:

Уплатница такса петти степен