СТРУКИ ВО ПУПИН

КТА
ЕТК
ЕЕ
ЗАНАЕТИ

МИХАЈЛО ПУПИН

Твоето патување во светот на технологијата започнува тука.

×

Дали се двоумиш за одлука на твојот образовен профил?

Кликни тука за да го направиш квизот за насочување

Четиригодишно Образование

Стекнете се со диплома за електротехничар и отворете ги вратите кон техничките факултети и модерната ИТ индустрија.

Најбарано

Компјутерска Техника и Автоматика (КТА)

Учење на програмски јазици, веб дизајн, бази на податоци, микроконтролери и роботика.Електротехничар за компјутерска техника и автоматика е насока која образува техничари за работа со хардвер и софтвер, односно техничари кои се занимаваат со одржување на електрониката на самиот компјутер.

  • Уредување на веб страни (HTML и CSS)
  • 3Д моделирање, Мултимедија (OCR, PDF, Adobe Photoshop, 3D Studio Max…)
  • Основи на дигитални системи, микропроцесори и микроконтролери
  • Објектно ориентирано програмирање
  • Процесно управување (PLC)
  • Веб програмирање (JavaScript и PHP)
  • Автоматизирани системи
  • Програмски јазици (Java, C#)
  • Бази на податоци
  • Роботика
  • Компјутерски системи и мрежи
  • Листа на предмети од овој образовен профил
Иновативно

Електроника и Телекомуникации (ЕТК)

Дизајнирање на електронски кола, паметни уреди, оптички мрежи и модерни телекомуникациски системи. Електротехничар за електроника и телекомуникации е насока која образува техничари за работа со дигитална електроника и комуникациски мрежи, односно техничари кои се занимаваат со инсталирање, дијагностика и одржување на телекомуникациски системи, аудио/видео техника и автомобилска електроника.

  • Технички софтверски алатки
  • Дигитална електроника
  • Дигитални телекомуникации
  • Телекомуникациски системи и мрежи
  • Програмабилни компоненти и системи
  • Автоматско управување и регулација
  • Аудио и видео техника
  • Автомобилска електроника
  • Компјутерски системи
  • Мерно-испитни техники и дијагностика
  • Снимање и монтажа на аудио и видео материјали
  • Учење преку работа кај работодавач
  • Листа на предмети од овој образновен профил
Перспективно

Електроенергетика (ЕЕ)

Управување со електрични централи, обновливи извори на енергија (соларни панели, ветерници) и смарт-грид системи.

  • Електрични инсталации и осветлување
  • Производство, преобразување и пренос на електрична енергија
  • Информатички технологии во електроенергетиката
  • Заштита на електрични инсталации и постројки
  • Обновливи извори на енергија
  • Електрични возила
  • Индустриска електроенергетика
  • Автоматизација
  • Учење преку работа кај работодавач
  • Листа на предмети од овој образовен профил

Тригодишно Образование (Занаети)

Брз влез на пазарот на трудот со практични вештини и одлично платени занаети.

Електромонтер за мрежи и постројки

Инсталација и одржување на електрични мрежи, трафостаници и инсталации во објекти. Профил со огромна побарувачка.

  • Одлично опремени кабинети со инструменти и нагледни средства
  • Електрични мрежи и водови
  • Изведба на електрични инсталации и осветление на производствени, административни, спортски, станбени и други објекти
  • Монтажа на електронски уреди и постројки
  • Практична настава
  • Над 600 часа практична настава

Електромеханичар

Сервисирање на електрични машини, апарати за домаќинство и индустриски мотори. Практична настава и обука.

  • Електрични машини со електромоторни погони
  • Сервисирање на електрични апарати, клима уреди, трансформатори, кујнски апарати
  • Автоматика
  • Електрични инсталации
  • Практична настава
  • Листа на предмети од овој профил

Не си сигурен кој смер е за тебе?

Контактирај ја нашата стручна служба за насочување.

Побарај Совет